Макрон ги предупреди САД: Ќе го решите својот, но мојот проблем ќе го направите поголем

Претседателот на Франција за последиците од американскиот Закон за намалување на инфлацијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Вашингтон ги осуди мерките кои ги преземал Џо Бајден за да ја поттикне американската индустрија, и предупредил дека тие ризикуваат „фрагментација на Западот“, наведува агенцијата повикувајќи се на извори од тој состанок.

Google search engine

Првиот ден од официјалната посета, францускиот претседател не ја криел загриженоста за време на средбата со американските парламентарци од двете партии. Огромните субвенции кои американскиот претседател одлучил да го додели во големиот економски и социјален закон со име „Закон за намалување на инфлацијата“ (Inflation Reduction Act – IRA) се суперагресивни за европските компании, се пожалил францускиот претседател, пренесува „Hina“.

„Не сакам да станам пазар за американски производи, бидејќи имам сосема исти производи како и вие. Имам средна класа која мора да работи и луѓе кои мора да пронајдат работа. А последиците можеби ќе го решат вашиот проблем, но мојот ќе го направите уште полош. Жал ми е што сум толку директен“, рекол Макрон.

Макрон пристигнал во Вашингтон во втората државна посета од преземањето на должноста во 2017-та година, за која и пред нејзиниот почеток француските службеници најавиле дека има за цел да се спротивстави на субвенциите од споменатиот закон.

При средбата со парламентарците во библиотеката на Конгресот, Макрон рекол дека IRA е суперагресивен кон европските компании, изјавил за „Reuters“ еден сведок на разговорите под услов на анонимност. Кабинетот на Макрон одбил да ги потврди коментарите на францускиот претседател, за кои јавила и агенцијата „France Presse“.

Европските лидери се пожалиле на законодавниот пакет кој во август го потпишал Бајден и со кој им се даваат големи субвенции на американските производи, што ги става во нерамноправна позиција германските компании и ќе биде сериозен удар за нивните економии, додека Европа се бори со последиците од руската агресија на Украина.

Запрашана за европската загриженост, секретарката за медиуми на Белата куќа Карин Жан-Пјер рекла дека законот претставува значајна можност за европските компании, и дека е од корист за енергетската безбедност на ЕУ. IRA има одредби кои ќе придонесат за раст на секторот за чиста енергија на глобално ниво, додала таа.

Зборувајќи во присуство на новинарите, Макрон рекол дека Франција и САД треба да ги здружат силите да го реформираат Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, за нивните фондови да можат да бидат насочени кон земјите погодени од климатските промени.

Порано Макрон го посетил седиштето на НАСА со потпретседателката Камала Харис и рекол дека американско-француската соработка е важна за сузбивање на ризиците од судири во вселената. Двајцата најавиле нова американско-француска соработка во вселената во текот на состанокот во Париз пред една година.

Макрон изјавил дека вселената претставува ново место за судир и дека е важно Франција и САД да работат заедно на поставување на правила и норми бидејќи ја делат посветеноста во науката и демократските вредности.