Македонското знаме се развиори во Пекинг: Спектакуларно отворање на зимските олимписки игри, започна дефилето на репрезентациите (Видео)

Со церемонијата на свеченото отворање која започна во 13 часот по средноевропско време, денеска стартуваат Зимските олимписки игри во Пекинг.

Спектакуларната церемонија на свеченото отворање повторно се одржува на олимпискиот стадион „Птичје гнездо“. Така, овој стадион ќе стане првиот во историјата на кој се одржала церемонија на отворање на една летна (2008) и една зимска олимпјада.

Google search engine

 

Во моментот вo тел е дефилето на националните репрезентации. Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри, која ќе биде панда, популарната мечка чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.

Македонија на игрите во Пекинг ќе има три преставници, Ставре Јада, Ана Цветановска и знаменосецот Дардан Дехари.

На дефилето во „Птичје гнездо“ се појави само Дехари, додека заради близок контакт со позитивно лице на Kовид-19, Јада и Цветановска отварањето го следат од Олимпиското село. Тие не се во карантин и се подготвени за почетокот на своите натпревари.

ПретходнаКај Свети Спас исвиркана делегацијата предводена од Пендаровски
СледнаAрмија ботови: Биле платени да пишуваат позитивни коментари за компанијата, ги исмејувале на социјалните мрежи