Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата.

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Google search engine

Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија во наредните пет дена, соопштуваат од македонското МНР.