Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

Министерството за одбрана пристапува кон набавка на современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, информираше на денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Образложи дека станува збор за унапредување на системот за борбена готовност на Армијата во насока на остварување на основната задача за одбрана на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Google search engine

„Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата. Во изминатите две децении не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Северна Македонија“, велат од Министерството.

Се работи за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

Како што е наведено, договорот ќе биде склучен наскоро, а за типот на воена опрема и за динамиката на испорака јавноста ќе биде информирана.

ПретходнаЕве како напаѓачот го впери пиштолот во потпретседателката на Аргентина(ВИДЕО)
СледнаРама до ЕУ: Со енергетската криза да не е како со пандемијата, се затворивте, а Балканот сам трчаше по вакцини