Американскиот кошаркар Мајкл Џордан, шесткратен шампион во НБА и актуелен сопственик на Шарлот Хорнетс, се вози по Јадранот со јахта која е изградена во 2020 година, која е долга 95 метри, има шест палуби и чие изнајмување чини еден милион евра неделно.
Според многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња пристигна на аеродромот во Ресник со приватен авион, а подоцна отиде во Тиват, каде што го продолжи летниот одмор во Бокакоторскиот Залив.
Џордан пристигна во Шибеник, родниот град на Дражен Петровиќ, и таму всушност се дозна која е дневната рутина на Американецот. Имено, тој цел ден возеше џет ски, а во еден момент падна во водата. Сето ова го направи на Прукљанското Езеро кај Шибеник
Додека Џордан се возеше со џет ски, сопругата Ивет Прието, децата и пријателите отидоа да го посетат Националниот парк Крка. Имаа малку повеќе слободно време бидејќи Џордан замина во Сплит.
Џордан на 11 септември сигурно ќе биде во Салата на славните, во Нејсмит во Спрингфилд, каде што во домот на бесмртните ќе го внесе својот долгогодишен соиграч Тони Кукоч, со кого се дружи и често игра голф.
Летечкиот Мајкл патувал во Европа претходните години, па пред неколку години ја посетил Венеција со сопругата Ивет Пријето, со која е во брак од 2013 година и со која има близнаци родени во 2014 година. Од првиот брак со Хуанита Вана, има три деца, а неодамна стана и дедо.