МАЈКАТА НА МБАПЕ ГО КРЕНА ПАРИЗ НА НОЗЕ! Се појави фотографија од Катар која предизвика невидена бура! ОВА СЕГА НЕ МУ ТРЕБА!

Фајза Ламари, мајката на најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, предизвика невиден метеж на социјалните мрежи.

Килијан игра во одлична форма во Катар и е на добар пат да ја одбрани титулата светски шампион со Франција. Неговата репрезентација се пласираше во полуфиналето, а напаѓачот на ПСЖ моментално е најдобар стрелец на Светското првенство со пет гола.

Google search engine

Сепак, по големиот триумф над Англичаните, во центарот на вниманието не беше Мбапе, туку неговата мајка Фаиза, која со една фотографија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Имено, за време на четвртфиналниот натпревар, Фејза позираше со навивач на Англија, а ништо немаше да биде чудно доколку тој не беше облечен во дресот на Ливерпул и ако мајката на Мбапе гордо не го впереше прстот кон клубот од Енфилд.

Секако, нејзиниот потег веднаш предизвика хаос. Веднаш почнаа шпекулациите дека Мбапе планира кариерата да ја продолжи во Ливерпул.

Наместо за полуфинале, сите почнаа да зборуваат за потенцијалниот експлозивен трансфер на најдобриот играч на Пари Сен Жермен. Мајката веднаш се најде на удар на критиките за овој непромислен потег, бидејќи навивачите на Франција сметаат дека на Мбапе не му требаат вакви приказни пред решавачките натпревари на Мундијалот.

Да потсетиме, Фејза Ламари е и агент на нејзиниот син и пред неколку месеци беше во центарот на вниманието при потпишувањето на новиот договор со парижаните. Наводно таа е „најодговорна“ за неуспехот на неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Таа имаше некои луди барања кои Мадрид не сакаше да ги прифати. Мбапе на крајот го продолжи договорот до 2025 година, но долго време се шпекулира дека тој е несреќен во Париз и сака промена на сценографијата.