Ова ми го уништи животот. Исто така ми ја уништи секоја шанса што ја имав за некаква кариера. Многу се срамам за да се обидам да пронајдам некаква работа. Многу сум лута и емотивна, рекла таа по пресудата.
Мајката на три деца, 32-годишната Теа Винсент, која минатата седмица била ослободена од обвиненијата за сексуален однос со малолетник, сега размислува за продавање на свои фотографии на “OnlyFans”, пишува “The Sun“.
Потсетуваме, оваа мајка на три деца од Глучестершир признала дека имала секс со 14-годишно момче, но дека не знаела дека е малолетен.

Поротата расправала нешто повеќе од еден час пред да ја донесе ослободителната пресуда за Винсент.
“Ова ми го уништи животот. Исто така ми ја уништи секоја шанса што ја имав за некаква кариера. Многу се срамам за да се обидам да пронајдам некаква работа. Многу сум лута и емотивна. Сега цела енергија сакам да ја насочам кон моите деца и да се грижам за нив”, рекла таа по ослободителната пресуда.

Поради медиумското внимание кое го добила, почнала да размислува амбициозно и најавила дека можеби ќе направи профил на веб страната “OnlyFans“, каде корисниците плаќаат за експлицитни видеа и фотографии.
По пресудата која била во нејзината корист, на Инстаграм напишала:
“Размислувам за тоа да отворам профил на “OnlyFans“. Луѓето и онака ме мразат, немам што да изгубам”.




