Мајка ја тера 7-годишната ќерка да плаќа сметки за да ја научи на вредноста на парите

Фелиша Реј Фарли одлучила да го научи своето дете од мали нозе на вредноста на парите. Иако има само 7 години, нејзината ќерка треба барем некако да се потруди да ги „подмири трошоците за живот“.

Во видео на ТикТок кое брои 6,6 милиони прегледи, Фелиша објаснила дека нејзината ќерка секојдневно добива листа со домашни обврски.

Google search engine

„Ако ги извршува секој ден, на крајот од неделата добива 7 долари. Еден долар оди за храна, еден за вода, еден за електрична енергија, еден за интернет и еден за наемнина, односно дава 5 долари за сметки. Преостанатите 2 долари може да ги потроши како што сака таа“, објаснува мајката.

@feliciaraefarley

they just don’t teach this stuff anymore #mothersofchaos #momlife #momthings #parentinghack

♬ Aesthetic Girl – Yusei

Меѓутоа, тие 5 долари Фелиша ги уплаќа на сметка за својата ќерќа и има намера да ѝ ги даде сите пари кога ќе наполни 18 години. Смета дека на тој начин ќе знае дека самата ги заработила парите и повеќе ќе ги цени.

Во друго видео, Фарли објаснува дека инспирацијата за домашните обврски ги пронаоѓа на „Pinterest“, а задачите се прилагодени на возраста на нејзината ќерка и вклучуваат чистење со правосмукалка, чистење на тоалетот, помош при припрема на оброците, местење на креветот и средување на нередот. Исто така, таа ги менува обврските секоја недела, со што ги претворила во своевидна семејна игра.

@feliciaraefarley

Reply to @alisonooooo222 here’s what I use 🥰 #mothersofchaos #momlife #momtok #parentinghack #fymom

♬ Pieces (Solo Piano Version) – Danilo Stankovic

Иако на повеќето им се допаѓа нејзината идеја, други сметаат дека прерано започнала да ја тера ќерката да заработува пари.

„Ова е слатко, но детето е премладо. Тоа се работите кои ти како родител треба да му ги обезбедиш“, гласи еден коментар.

„Тоа се само 2025 долари за 11 години, а работи секоја недела, значи точно 573 недели. Тоа е премалку“, гласи друг коментар на кој возвратила самата Фелиша:

„Жал ми е што тоа се „само“ 2025 долари. Јас не добив ништо. Мило ми е што воспитувам благодарно дете“.

- АУДИО РЕКЛАМА -