Мајка ѝ ја вовлекла во светот на детска порнографија: Како убавата актерка се извлекла од најлошата животна фаза?

Брук Шилдс вчера наполни 56 години, а во нејзина чест се потсетуваме на нејзиниот живот и кариера кои воопшто не биле лесни.

Животната приказна на актерката нè учи дека ако сакаме да бидеме среќни, мораме сами да се погрижиме за тоа, па дури и доколку мора да одиме против сè и против сите.

Google search engine

Шилдс е најпозната по улогата во филмот „Blue Lagoon“, а многумина се сеќаваат и на 13-годишната Брук од контроверзниот филм „Pretty Baby“ во кој глумеше детска проститутка, а поради таа улога следеле проблеми.

Поради разголените сцени во споменатиот филм биле покренати обвиненија за детска порнографија. Јавноста ја осудила нејзината мајка, поранешната актерка Тери Шилдс. Никој не можел да поверува дека, како актерка и продуцент, ѝ дозволила на својата малолетна ќерка да се вовлече во нешто такво, а знаела за што се работи. Но, Тери не се обѕирала на коментарите – дури имаше и шпекулации дека сакала да ги продаде заводничките фотографии од Брук од филмот.

Три години пред тоа, јавноста остана запрепастена кога тогаш 10-годишната Брук позирала гола пред професионален фотограф. Додека многу детски ѕвезди во тоа време шетале по детски ревии и се појавувале во симпатични реклами, таа тргнала во сосема поинаков правец.

Фотографијата наречена „Духовна Америка“ требало да биде изложена во галеријата „Tate Modern“ во Лондон, но по предупредување од полицијата таа била отстранета. Сепак, фотографиите биле објавени во списанието „Sugar And Spice“, една од публикациите на „Playboy“. Брук своевремено раскажала дека има трауми поради тоа што го работела како девојче, иако тогаш не била свесна колку тоа било опасно.

Бидејќи Брук влегла многу млада во холивудскиот свет на актерството и моделингот, до својата 16-та година станала една од најпрепознатливите лица, а за тоа се заслужни провокативните и контроверзни актерски улоги. Иако нејзината мајка го одобрила нејзиното голо позирање и улогата во „Pretty Baby“, Брук рекла дека Тери секогаш се грижела за неа.

Но, тие две не секогаш имале хармоничен однос. Често имале проблеми бидејќи Тери се борела со зависност од алкохол. Таа почина во 2012 година.

Од „Blue Lagoon“ во 1980 година, Шилдс немала ниту една позапазена улога од таа. Сепак, се појавуваше во бројни серии и филмови, а она по што ја паметат гледачите е нејзината убавина. Иако има 56 години, Брук и натаму мами погледи со својот изглед и важи за една од најубавите жени во филмската индустрија.

Шилдс беше 2 пати во брак – две години со тенисерот Андре Агаси, а во 2001 година се венчаше со Крис Хенчи со кој има 2 ќерки.

ПретходнаИмала 16 години кога се венчала за 35 години постариот актер! Сега повторно рекла ‘Да’ и веднаш се пофалила со…
СледнаВнукот на Амди Бајрам добил Порше од својот татко, но мора да се заколне во џамија дека нема да вози побрзо од 150 км/ч.