„Родена сум со ХИВ вирус. Кога имав 5 години се појавија симптомите“, изјавила храбрата Хајдија Бродбент пред 26 години во емисијата на Опра Винфри.
Таа расплака милиони гледачи, но и воодушеви со несекојдневната интелигенција, сила и мудрост.
Хајдија во 1996 година гостувала кај познатата водителка.
„Имав габична инфекција на мозокот, инфекција на крвта, воспаление на белите дробови, кожата ми помодре неколку пати“, рекло девојчето, опишувајќи ја својата борба со вирусот.
View this post on Instagram
На прашањето што ѝ е најтешко, одговорила низ солзи:
„Кога моите пријатели умираат… многу мои пријатели умираат од СИДА“, кажала Хајдија, па продолжила:
„Никој не знае колку долго ќе живее. Не мислам на тоа дека имам СИДА. Можете утре да излезете на улица, па да ве удри автобус. И никогаш не знаете. Ако останете во кревет и се сожалувате, велејќи „Јас ќе умрам“, зошто да станете и да се обидете да направите некаква промена?“…
Хајдија на 6-годишна возраст станала активистка и борец против СИДА, а тоа го прави и денес.

Бродбент е родена пред 38 години во Лас Вегас. Нејзината мајка ја оставила по породувањето, а кога имала 6 недели ја посвоиле Лорен и Патриша Бродбент. Кога нејзината биолошка мајка се породила по втор пат во истата здравствена установа, лекарите ги контактирале нејзините посвоители. Тие утврдиле дека мајката е ХИВ позитивна, како и нејзиното бебе. Хајдија била потоа тестирана и резултатите биле позитивни. Прогнозите биле поразувачки – експертите предвидувале дека девојчето ќе живее до 5 години, но таа преживеала.
Познатата активистка Елизабет Грејзер која основала фондација за борба против СИДА, ја запознала Хајдија додека таа била на лекување на Националниот институт за здравје. Грејзер ги замолила родителите на девојчето да ѝ се придружи во разни хуманитарни акции.

Хајдија зборувала на бројни концерти, се појавувала во документарни филмови, емисии… Повеќепати гостувала кај Опра Винфри, а со активизам се занимава и денес.
„ХИВ вирусот не е смртна казна, туку е доживотна казна… Можете да живеете така што ќе примате терапија, ќе посетувате лекар и засекогаш ќе се борите за осигурување“, изјавила таа во една прилика.