Tурски новинар на Твитер објави дека полицијата на Обeдинети Арапски Емирати го спровела Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи.
Пекер се криеше во неколку земји, ОЕА, Косово но најдолго се задржа во Македонија каде имаше статус на ВИП гостин. МВР го чуваше со обезбедување, кога одеше на „службени“ посети имаше ротациски возила, т.н флешери.
Sedat Peker'in "basın danışmanı" Emre Olur ile az önce görüştüm. Peker'in, Dubai'de kaldığı konuta BAE polisleri TSİ 12'de geliyor. Kendisini bir yere davet ediyorlar. +++
— Alişer Delek (@AliserDelek) June 13, 2021
Пекер е меѓу оние кои добиле македонски пасош со лажен идентитет на граѓанин од Скопје по име Џадин Адемовски во аферата што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Седат Пекер, кој беше обвинет дека е водач на криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него.
Сега, по повеќечасовно молчење, со објава на социјалните мрежи ги негираше обвинувањата дека бил „приведен од полицијата во Дубаи“, објавија турски медиуми.

Сепак, Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
„Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував, но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата“, напишал Пекер.
Пекер вели дека тој според меѓународното право не е личност која е барана и затоа не е можно неговата врховна држава да организира службена операција против него, пренесува Фактор.
„Тие се однесуваа кон мене љубезно како што се однесуваат кон секоја нормална личност “, вели Пекер по разговорот во полиција