Луксузот на езерото Комо: Едно ноќевање чини пет илјади, а најефтиниот пијалок 150 евра (фото)

Од неговата изградбата во 1910 година, Гранд Хотел Тремецо е вистински скапоцен камен на езерото Комо и неговата околина и препознатлив симбол на градот Тремецо каде се наоѓа.

Поради де лукс ентериерот, кој наликува на оние од холивудските филмови, оправдано се нарекува хотелот на Џејмс Бонд, а во него престојуваа многу филмски sвезди и познати личности.

Google search engine

Една од нив беше познатата актерка Грета Гарбо, која за ова фантастично одморалиште говореше дека е прекрасно, со сонце осветлено место.

Хотелот се наоѓа на површина од 20.000 квадратни метри магичен пејзаж, има базен, приватна плажа и други капацитети, а украсен е како спој на бел епок стилот и современиот стил.

Предворјето, во кое доминираат одважни црвени тонови, води кон раскошната тераса, која нуди панорамски поглед на езерото Комо.

Дека станува збор за чиста елеганција покажува фактот дека нијансите на портокалова боја се провлекуваат низ целиот хотел, што ќе го забележите на крпите во хотелот, столчињата, мермерните украси, чашите…

Професионална услуга, раскош и уживање, бајковита убавина, префинети специјалитети и врвен луксуз се карактеристики на Гранд хотел Тремецо. Затоа не е изненадување што цените за една ноќ во овој хотел се движат и до 5.000 евра, а шише најобично шампанско и вода чинат по 150 евра.