Луксузниот дом на Един Џеко во Сараево го одзема здивот: „Вила Е“ има 4 ката и е градена 3 години

Во сараевската населба Вишњик заврешана е изградбата на луксузната вила чиј сопственик е најдобриот фудбалер од БиХ – Един Џеко.

Станува збор за објект кој што поседува четири катови и кој ќе биде дом за семејството Џеко. Освен достигнувањата на спортскиот терен, јавноста ја привлекуваат и деталите кои што се поврзани со приватниот живот на легендарниот фудбалер.

Google search engine

Преубавата градба ја проектирало архитектонското студио „Doxat“, а истата била градена цели три години.

„По речиси три години, еден тон состаноци и разговори за деталите „Вила Е“ е завршена. Во нашето студио тежнееме кон едноставноста и функционалноста на архитектурата и тоа е сè што оваа вила претставува. Модерна луксузна вила со едноставни и чисти линии“, напишале архитектите.

Објектот е опремен со сите технолошки достигнувања на современите гледишта. Поседува сауна, фитнес сала и генерално е модерно дизајнирана.