Лука Дончиќ меѓу 100-те најбогати Словенци, кој е на врвот?

Тоа е рекордна сума и е за речиси една четвртина или 1,3 милијарди евра поголема од 2020 година.

На врвот на ранг-листата на словенечките богаташи нема промени, Само и Иза Шија Логин се уште го држат првото место пред второпласираниот пар Санди Чешко и Ливија Доланц, пишува денес деловниот весник Финанце.

Google search engine

Растот на богатството на 100-те најбогати Словенци, најголем од 2008 година, е резултат на подоброто котирање на нивните компании на берзите, што е основа за проценка на нивната нето вредност, но и доброто работење, раздолжувањето, зајакнувањето на финансиските рамки, а во некои случаи и успешните аквизиции, пренесува агенцијата СТА.

Почетната сума на богатство на листата на 100-те најдобри исто така се зголеми од минатогодишните 20,9 милиони евра на 27,7 милиони евра, додека повеќе од една четвртина од луѓето кои се најдоа на листата за минатата година сега отпаднаа од листата за оваа година.

Десет нови луѓе влегоа во клубот на најбогатите, а 17 повторно се вратија.

На врвот на листата се Иза Сија и Само Логин, поранешни сопственици на апликацијата Outfit7 и поранешни сопружници кои продолжиле да работат заедно, поради што се третираат како еден ентитет. Вредноста на нивниот имот се проценува на 689 милиони евра.

Санди Чешко и Ливија Доланц се на втората позиција со проценето богатство од 355 милиони евра, а најголем дел од нивниот имот е приходот од 55 отсто удел во Студио Модерна.

Семејството Шешок, сопственици на електронската групација Искра, се проби во водечката тројка од најбогатите, забележувајќи го најголемиот скок на листата, зголемувајќи го своето богатство од минатогодишните 150 милиони евра на 270 милиони евра.

Од Финанце посочуваат дека брачната двојка Весна и Дари Јужна, сопственици на холдинг компанијата Перспектива влегле во топ 10 богаташи со раст од 73 отсто и капитал од 202 милиони евра, најмногу благодарение на раздолжувањето и растот на пазарната вредност на компанијата Петрол.

Најинтересен дебитант на листата е кошаркарот Лука Дончиќ, со богатство проценето на 29,4 милиони евра, откако оваа НБА ѕвезда потпиша петгодишен договор со Далас Маверикс од 207 милиони долари, пренесува СТА.

ПретходнаРусија го казни Гугл, судот во Москва нема милост
СледнаДиректорот на „Модерна“ со претпоставка: Дали вакцините против Ковид-19 ќе бидат ефикасни против новиот сој?