Сите оние кои по 2022 година ќе отпатуваат за Шпанија, веројатно ќе имаат прилика да уживаат во комплетно нов начин на превоз – летечко такси.
Првите тест летови се најавени за 2022 година во Барселона и Компостела. Според зборовите на директорот на шпанската компанија „Enaire“, Анхел Луис Аријас, целта е движењето да се премести во „трета димензија“.
„Enaire“, компанија чиј фокус е воздушната пловидба, учествува во два проекти финансирани од Европската унија кои припаѓаат на „Horizon 2020“, најголемата програма за истражување и иновации досега.
„Планот е двата проекти да го претстават летачкото такси во Европа во 2022 година. „Enaire“ ќе управува со летот на првите летечки такси во Шпанија кој ќе се одржи таа година во Барселона и Компостела“, изјавил Аријас.

Во јули минатата година, шпанската компанија „Tecnaila“ го претстави својот прототип на беспилотно летечко такси за едно лице. Ова такси е дизајнирано да пренесе личност или товар до 150 килограми, може да достигне висина од 100 до 300 метри, а може да помине растојание од 15 километри за 15 минути.