Лубеница диета: 3 чекори до витка линија

478266756

Диетата која се базира на лубеница не е некоја конкретна диета. Туку додавањето на лубеницата во секојдневната исхрана може да биде корисно доколку сакате да ослабите.

Дури 92 проценти од лубеницата е вода, таа може да го ублажи вашиот апетит, да го ослободи телото од токсините и да ја подобри работата на дигестивниот тракт со што ќе ви помогне и да слабеете.

Google search engine

Ефикасноста на лубеницата е во тоа што преку неа во огранизмот внесувате многу вода, а притоа џвакате и голтате. Тоа ви дава чувство дека сте внеле повеќе калории отколку што мислите. Таа содржи и природен шеќер кој ќе ја скроти вашата желба за слатки и благо. А влакната кои се наоѓаат во лубеницата ќе направат да се чувствувате сити подолг временски период, па така се намалува и ризикот од прејадување.

lubenitca1gf4j389tu45

Чекор 1

Газираните пијалoци и вештачките засладувачи заменете ги со лубеница и вода. Исечете парчиња лубеница (половина чаша) и замрзнете ги. Ставете вода во стаклена чаша и ставете ги во водата замрзнатите парчиња кои ќе ви послужат како коцки мраз. Овие парчиња може и да ги грицкате додека ја пиете водата. Една чаша сок од цедени портокали содржи 110 калории, а една чаша сок од јаболко 120 калории, овој пијалок има помалку од 50 калории.

Чекор 2

Јадете помали порции за време на оброците. Ова е сигурен начин да се намалат калориите и да се ослободите од вишокот на килограми, а лубеницата е вашиот сојузник во тој чекор. Јадете ја лубеницата во комбинација со малите порции на храна. На тој начин мозокот ќе помисли дека консумирате исто количество на храна како и претходно. Всушност, вие на ваков начин навистина ќе го изедете истото количество на храна како и претходно, но високо калоричните намирници во овој случај се заменети со ниско калоричната лубеница. На овој начин можете драстично да го намалите внесот на калории и нема да чувствувате глад.

Чекор 3

Јадете лубеница за десерт. Таа содржи витамини и минерали кои се одлични за вашето здравје. Покрај тоа, лубеницата е навистина вкусен и освежителен оброк. Изедете две кришки лубеница наместо висококалоричните колачи и торти.