Љубовта посилна од корона! Се венчале во ковид болница и приредиле церемонија за паметење

Епидемијата на коронавирусот на сите нас нѝ промени многу животни навики – не запреа само патувањата, туку и семејните прослави, меѓу кои се и венчавките.

Еден пар од Англија, и покрај тешката здравствена состојба во ковид болницата одлучил дека ништо нема да може да ги запре да застанат на лудиот камен.

Реклама

Иако животите ‘им виселе на конец’, медицинските сестри во ковид болницата имале желба да го венчаат заљубениот пар и на тој начин можеби да им ја исполнат и последната желба.

После позитивниот тест на коронавирусот, Лизи и Симон биле сместени во различни одделенија. Состојбата на Симон наеднаш се влошила и итно бил пефрлен на интензивна нега.

„Умирав да ја видам Лизи, многу ми недостасуваше. Сакав да бидам покрај неа и се борев јуначки за да се вратам во нејзиното одделение“, рекол Симон.

Медицинската сестра дознала дека овој пар планирал венчавка уште во јуни, но дека короната ги спречила.

Персоналот во болницата одлучил да ги израдува и да им организира церемонија во самата болница.

„Се растажив кога слушнав дека не се венчале. Потоа дојдов до идеја тука да се венчаат и тие се согласија. Иако условите не се идеални, сакавме да ги направиме среќни“, рекла една од сестрите.

Оваа медицинска сестра била сведок и ја снимила церемонијата со мобилен телефон за пријателите и семејството на парот. Лизи и Симон се венчале три дена по доаѓањето во болницата, со торта која ја обезбедил персоналот.

Но, за првиот бакнеж како сопруг и сопруга, мора да почекаат уште малку, бидејќи и двајцата сè уште примаат кислород.

Реклама