УБИСТВО ВО АТИНА – Пукано пред жени и деца
Ликвидацијата на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ очигледно ја извршиле семејствата на убиените. – Убијците изгледаа како војници. Тие влегоа во ресторанот во Атина каде Дедовиќ и Стаматовиќ вечераа со жени и деца во црни панталони, со марами на лицето и ја опколија масата. Тие беа прецизни, па ниту еден од 30-те куршуми не повреди деца и жени. Штом завршија со пукањето, се свртеа и излегоа надвор – потсетува изворот.
Испукале 29 истрели, избегале со глисер
Убиството на Алан Козар и Дамир Хаџиќ било добро испланирано и веднаш се посомневале дека зад ова злосторство стојат истите луѓе кои ги убиле Дедовиќ и Стаматовиќ шест месеци претходно.
– Кобниот ден „скалперите“ дојдоа од плажа и се паркираа пред луксузна вила на Крф. Не излегле ниту од автомобилот, а напаѓачите ги застрелале со 29 истрели. Нивните тела ги пронашла масерка. Се сомнева дека извршителите со глисер избегале од островот преку морето – потсетува изворот.