Ликот на основачите на компанијата BioNTech би можеле да се најдат на една од идните банкноти на еврото !?

Европскиот парламент и предложи на Европската централна банка ликовите на основачите на компанијата, BioNTech, Угур Шахин и Озлем Туреџи да бидат на една од идните банкноти на еврото. Конкретниот предлог дојде од германскиот политичар од редовите на партијата, ФДП, Морциз Корнер.

На новите банкноти би требало да се испечатат важни европски личности, а како пример е дадена основачката двојка на компанијата BioNTech. Нивната работа ги спаси животите на милиони Европејци, изјави Морциз пред Европскиот парламент.

Google search engine

Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отвореното имиграциско општество – додаде Корнер во изјавата. Компанијата, BioNTech, релативно брзо разви вакцина против вирусот Ковид-19 врз основа на техниката на т.н. mRNA.

Инаку, дваесет години по воведувањето на еврото, Европската централна банка одлучи да започне процес на редизајнирање на банкнотите.