„Лидл“ се регистрираше во Македонија – колку работни места ќе отвори?

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар.

Во моментов „Лидл“ има 100 продавници во Бугарија на 49 локации и вработува 3.000 работници, а има експанзионистички план за оваа година за отварање на уште пет маркети и вработување на уште 250 луѓе. Нето-профитот за 2019 во Бугарија бил 41,25 милиони евра.

Google search engine

Повеќе на Фактор.мк