Денеска би требало да бидат познати резултатите од обдукцијата на 15-годишното момче кое почина на Халкидики откако било извлечено од водата во бессознание.
Трагедијата се случила на плажата во Неа Флогита, а постои сомневање дека малолетникот се удавил.
Роднините и пријателите на семејството на несреќното момче не можат да поверуваат дека повеќе го нема. Таткото на тинејџерот изгубил свест кога ја добил веста за смртта на неговиот син и бил итно префрлен во болница.
Според зборовите на сведоците, момчето не отпливало далеку од брегот, а неговите другари тогаш забележале дека лицето му е нурнато во вода. Најпрвин мислеле дека нивниот другар се шегува, но набрзо сфатиле дека изгубил свест и почнале да викаат помош.
„Децата беа во морето и почнаа да викаат помош. Лицето на момчето беше нурнато во водата и само лебдеше. Го извлековме до брегот, но детето беше во несвест и пена му излегуваше од устата“, изјавил еден од капачите, кој се обидел да го реанимира детето.
Друг маж кој случајно се нашол на плажата рекол дека другарите на момчето му рекле дека само изгубил свест и дека пред тоа не се случило ништо чудно.
Грчките медиуми пишуваат дека момчето било од Липохори и дека на кобниот ден со другарите отпатувало на Халкидики, за сите уште еднаш да се опуштат пред почетокот на учебната година.

На Халкидики пристигнале со туристички автобус и дошле во кафуле на плажата.
Било околу 12 часот кога нивниот прекрасен ден се претворил во кошмар. Другарите, наводно, забележале дека на момчето му се слошило во водата, на некои 4 метри од плажата и дека не одговарало кога го викале. Најпрво мислеле дека се шегува, но набрзо сфатиле дека момчето е во несвест.
15-годишниот тинејџер веќе бил мртов кога го извлекле на брегот, покрај обидите на капачите да го реанимираат. Итната помош го пренела момчето во болница, каде била констатирана смрт.