Лицемерни милијардери и скапа роденденска забава во Турција: Како Безос и Гејтс ја уништуваат планетата Земја?

Милијардерите Џеф Безос и Бил Гејтс се нашле на мета на осуди поради тоа што во моментот кога цел свет, па и тие самите, повикуваат на борба против климатските промени, тие уживаат на нивните прескапи јахти на крајбрежјето на Турција и така директно ѝ штетат на планетата.

Имено, Безос бил еден од гостите на 66-от роденден на Гејтс во турскиот град Бодрум. Роденденската забава траела околу четири часа.

Google search engine

На менито имало морски плодови, суши и пица, а се пиело шампањ, објави „Bussines Insider“.

Турските медиуми пренесоа дека вработените на забавата не смееле да ги користат телефоните за да се заштити приватноста на гостите.

Тоа што особено ги налутило зелените активисти е тоа што Гејтс и неговите 50 гости, вклучувајќи го и Безос, од јахтата „Lena“ со хеликоптер пристигнале до дискотеката „Sea Me Beach“ каде што исто така била прославата. Покрај тоа Безос со хеликоптер пристигнал и до јахтата на прославата, пренесува „Daily Mail“.

Според пресметките тој со хеликоптерот прелетал нешто помалку од 200 километри, а млазното гориво кое се користи за погон на хеликоптерите емитува девет килограми честички јаглерод диоксид по согорен галон од горивото.

Научниците заклучиле дека хеликоптерот на Безос во текот на ова патување емитувал 97 килограми честички јаглерод диоксид во атмосферата.

Притоа, Гејтс и Безос често престојуваат на своите јахти од кои секоја емитува по 7.020 тони јаглерод диоксид годишно или 19 тони дневно.

Освен загадувањето, гнев во јавноста предизвикало и нивното расфрлање со пари. Имено, Гејтс за ова роденденско патување изнајмил луксузна јахта со теретана, џакузи и базен по цена од 1,8 милиони евра неделно.

Ова се дел од коментарите на Твитер: