Левица со герила пречек на Петков: „Добредојдовте администратори на Цар Борис“

Лидерот и пратеник на политичката партија „Левица“ на социјалната мрежа Фејсбук утрово објави дека партијата организирала герила пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков кој денес е во посета на Скопје.

На транспарентот кој бил поставен на влезот во Скопје пишува: „Добредојдовте администратори на Цар Борис“, а под фотографијата која Апасиев ја објави на Фејсбук, тој напиша:

Google search engine

„Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица“.

- АУДИО РЕКЛАМА -