Леопард нападнал велосипедист „од ведро небо“ – кутриот воопшто не се снајде (Видео)

Сообраќајните камери снимиле неверојатна сцена на патот покрај индискиот национален парк Казиранга.

Патот е прошаран со сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината бидејќи животните го минуваат патот, но еден велосипедист на своја кожа искусил дека жртви може да бидат и луѓе.

Google search engine

Имено, додека возел по патот, леопард излетал од шумата, го нападнал и веднаш истрчал назад во шумата. Сè се случило со молскавична брзина, па велосипедистот не можел да реагира, но изгледа дека се спасил без сериозни повреди.

 

По нападот со велосипед избегал на спротивната страна од патот каде имало двајца велосипедисти на кои им ги покажал повредите.

ПретходнаПрво обраќање на Кралот Чарлс: Мојата мајка го гледаше најдоброто во луѓето, ќе се обидам верно да ви служам
СледнаЛаден туш, дебели чорапи, заштеда на струја? Австрија со кампања за штедење