Ле Пен му “дише во врат” на Макрон! Додека тој се занимаваше со Путин, таа играше на теми многу поважни за “обичните” Французи-дали е на повидок изборен шок!?

Францускиот претседател Емануел Макрон оправдано стравува дека не му се насмевнува нов мандат на изборите оваа недела, а во голема анализа угледниот NY Times објаснува дека една од причините може да биде тоа што бил преокупиран со ситуацијата во Украина.

Викендов тој го одржа својот прв голем изборен митинг, собирајќи околу 30.000 свои приврзаници во париските предградија. Тој не делуваше самоуверено, иако беше јасно дека неговиот настап е внимателно режиран, речиси како да е кореографија или некој голем рок концерт.

Google search engine

“Немојте да мислите дека се е решено, немојте да мислите дека работите ќе одат без проблеми”, им порача тој на насобраната толпа, велејќи дека не е сосема сигурен дека ќе добие нов мандат. Од друга страна, неговата посветеност на дипломатијата отвори простор за радикалната десница, која е антиимигрантска и скептична кон НАТО.

Најпозната е секако иконата на француската десница, Марин Ле Пен, на која ова и е трет обид да ја освои Франција и досега и оди многу добро. Додека Макрон е вклучен во светската дипломатија, таа се фокусираше на животниот стандард на Французите, меѓу кои милиони секојдневно се борат да преживеат, особено откако цените на енергијата се зголемија за околу 35 отсто минатата година.

Според Тајмс, анкетите покажуваат дека Ле Пен би можела да добие дури 21,5 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, што е значително повеќе од 11 отсто колку што добива екстремната десница со Ерик Земур според анкетите на Ifop-Fiducial, но и многу блиску до Макрон, кој според проценка на реномирана агенција добива околу 28 отсто од гласовите на француските гласачи.

Тоа би значело дека Ле Пен и Макрон ќе одат во вториот круг на 24 април. За Макрон е уште позагрижувачки што анкетите покажуваат дека во вториот круг би можел да освои само 53,5 отсто, а Ле Пен 46,5. Ова е значително зголемување на нејзината популарност, бидејќи на последните избори во 2017 година таа во вториот круг освои 33,9 отсто од гласовите, а Макрон 66,1.

Тајмс пишува дека во првиот круг ќе доминираат теми како безбедноста, мигрантите и националниот идентитет на Франција.

Поранешниот премиер на Макрон, Едуар Филип, исто така предупредува дека Ле Пен може да победи. Тоа тврдење можеби изгледаше смешно до пред само еден месец. Ле Пен изгледаше политички мртва по поразите во 2012 и 2017 година. Нејзиниот противник Земур, со неговиот “Трамп” стил на Ле Пен и одзеде дел од гласачите од десниот спектар, сугерирајќи дека исламот и Франција не се компатибилни. Но, се чини дека Ле Пен се враќа на голема врата, а Земур можеби дури и помогнал со својата прекумерна ксенофобија.

Макрон падна за речиси три отсто во однос на минатонеделните анкети, а аналитичарите велат дека добар дел од падот на довербата на гласачите е предизвикан од неговото посилно учество во војната во Украина отколку прашањата на француската политика.

Најцрното сценарио за Макрон е Земур да ги покани своите гласачи во вториот круг да гласаат за Ле Пен, што би ѝ донело дополнителни гласови од десницата, но потенцијално и од левицата, која е огорчена од некои политики на Макрон.

Иако Ле Пен сака да изгледа помека од порано, факт е дека таа остана цврста на своите антиимигрантски ставови. Нејзината програма вклучува уставни измени кои би спречиле “толку многу странци да влезат на француска национална територија што би го промениле демографскиот состав и идентитетот на францускиот народ”.

Таа во вторникот рече дека е готово со “Франција, земја на имиграција” и дека Французите не смеат да дозволат нивната земја да биде погребана под превезот на мултикултурализмот. Тајмс потсетува на нејзината изјава дадена кон крајот на минатата година кога рече дека француските деликвенти имаат место во затвор и забави во авион за депортација.

Тајмс посочува дека Ле Пен се обидува да се дистанцира од Русија, иако таа се сретна со Путин во Москва во 2017 година, ја поддржуваше неговата политика до војната во Украина и остана жесток противник на радикалните мерки против Русија. Нејзината поддршка, посочува весникот, може да ја загрози европската заедница, како и да ги заплаши сојузниците од Варшава до Вашингтон и да ја доведе ЕУ во најголемата криза од Брегзит.

Но, во нејзиниот популистички стил, таа им постави реторичко прашање на Французите во неодамнешната телевизиска дебата:

Дали сакаме да умреме? Економски ќе умреме! Мораме да размислуваме за нашиот народ – рече на прашањето дали Франција треба да го прекине снабдувањето со руската енергија.