Лажни ковид потврди за вакцинација, еве колку се движи цената за еден лажен сертификат!

Vaccination, disease immunity passport, health and surveillance concepts. Smartphone displaying a valid digital vaccination certificate for COVID-19

Две медицински сестри од Словенија беа суспендирани откако беше откриено дека издале лажни потврди за вакцинација во замена за пари.

Според неофицијални информации на весникот Дело, за таа услуга тие наплатиле по 400 евра од човек.

Google search engine

Медицинските сестри биле откриени кога биле забележани неправилности во електронскиот регистар на податоци за вакцинација во здравствениот дом во градот Шелец, Словенија, пренесува СТА.

Подоцна против нив беше покрената внатрешна истрага која потврдува дека медицинските сестри извршиле злоупотреба на работното место.

Тие беа суспендирани, а поведена е постапка за престанок на нивниот работниот однос како медицински сестри.

Полицијата во Целје за СТА потврди дека против нив се спроведува полициска истрага.

За инцидентот е известено и Министерството за здравство и Националниот институт за јавно здравје во Словенија.