Според зборовите на Лавров, Русија не ја исклучува можноста дека сета хистерија која Западот ја кренал околу Украина е насочена кон тоа да се прикрие курсот на Киев.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева, рекол дека Русија никогаш не била закана за украинскиот народ и дека не планира да ја нападне Украина.
„За кого претставува закана и во што таа закана може да се претвори – е големо прашање. Русија нема намера да ја нападне Украина“, рекол Лавров коментирајќи ги наводните закани од Русија за Киев.
Рекол дека во текот на разговорите го повторил барањето на Москва за неширење на НАТО на Исток и додал дека Блинкен ветил дека Америка ќе го изнесе својот став кон таа обврска.
Тој додал дека на состанокот повторно можеле да се слушнат некои од аргументите на САД во прилог на слободата на избор на Алијансата.

Според зборовите на Лавров, Русија не ја исклучува можноста дека сета хистерија која Западот ја кренал околу Украина е насочена кон тоа да се прикрие курсот на Киев во насока на неисполнување на обврските од договорот “Минск 2”.
Лавров рекол дека разнесувањето на руски воени бази во Латинска Америка, конкретно во Венецуела и на Куба не било тема на разговор, како и дека Блинкен не го отворил прашањето за помошта на ОДКБ на Казахстан.