Лавров конечно проговори за здравствената состојба на Владимир Путин – првиот човек на руската дипломатија откри дали претседателот е болен

„Мислам дека разумното суштество не може да види знаци на болеста кај Владимир Путин“, изјави СергејЛавров во интервју за француската телевизија ТФ1.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ги коментираше гласините дека рускиот претседател Путин е наводно болен, велејќи дека сите разумни луѓе кои ги следат секојдневните јавни настапи на рускиот претседател тешко може да видат знаци на некоја болест кај него.

Google search engine

„Претседателот Владимир Путин секојдневно се појавува во јавноста. Можете да го видите на вашите екрани, да ги читате и слушате неговите говори. Мислам дека разумно суштество не може да види знаци на болест кај него“, изјави Лавров во интервју за француската телевизија ТФ1.

„Тоа го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини“, додаде Лавров.

Првиот човек на руската дипломатија кажа и дека Путин е подготвен да разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, како и со други колеги за прашањето на Украина , и покрај нивната реторика во јавноста.

„Главната работа е дека зад тоа стои желбата за навистина решавање на кризата на европската безбедност“, посочи тој.

„Никому не се наметнуваме. Ако некој сака да разговара со нас, Владимир Путин никогаш нема да ги одбие колегите кои бараат разговор или средба. Доколку Макрон му се обрати на Путин со предлог за разговор, ви гарантирам дека ова барање ќе биде поддржано“, заклучи Лавров.

Светот долго време се занимава со здравствената состојба на Путин , кога еден ден се тврди дека има рак, другиот деменција а потоа и Алцхајмерова болест…

Британските медиуми денес отидоа толку далеку што најпрвин ја објавија веста дека рускиот претседател Владимир Путин можеби е веќе мртов и дека е заменет со двојник, а само неколку часа подоцна се демантираа и порачаа дека на Путин му остануваат само уште три години живот, според извори на тајната служба МИ6.