Лапсусот на црногорската водителка стана хит, ваква временска прогноза не сте слушнале досега

Црногорската водителка Билјана Станковиќ стана хит на социјалните мрежи поради необичната временска прогноза, односно нејзината интерпретација на истата.

Имено, водителката која работи во „РТЦГ“ известувала какво време ги очекува Црногорците за викендот и направила симпатичен лапсус по кој никому не му било јасно какво ќе биде времето.

„Утре променливо обла… сончево со повремено, со повремени, облачно, повремено, температура до 26 степени“, рекла Билјана, а гледачите останале збунети.

Коментарите на социјалните мрежи се урнебесни:

„Ајде ти сега заклучи какво на крај ќе биде времето“, „Воглавно ќе биде повремено, не знам што не е јасно“, „Еден ден врнеше два дена“.

Секако, имало и коментари за поддршка бидејќи јасно е дека на секому може да му се случи:

„Но, што е најдобро – времето навистина е такво“, „На сите им се случува, што е проблемот?“.

Ваквиот лапсус насмеа многумина бидејќи реално овие денови времето е многу променливо, па можеби водителката и не погреши до толку.