Откако „PlayStation 5“ конечно е пуштен во продажба, настана општ хаос. Многу од луѓето веднаш тргнаа во продавниците за да го купат или пак го нарачуваат по пат на интернет, но на некои од нив на домашна адреса не им стигнало тоа што нарачале.
Откако на Британецот Дејвид Хил наместо „PlayStation“ во кутијата му стигнало тоалетна хартија, слично нешто му се случило и на човек од САД кој што веднаш потоа повикал полиција.
Кога пратката конечно пристигнала, човекот бил непријатно изненаден затоа што во кутијата имало спакувана цигла. Според пишувањето на „Eurogamer“, човекот „PlayStation 5“ го платил неверојатни 878 долари, што е речиси дупло од неговата оригинална цена.
Човекот бил многу бесен кога сфатил дека е измамен и барал од полицајците да го приведат продавачот, но тие сè што можеле да му кажат е да ги контактира Ebay и од нив да бара да му се вратат парите, а во иднина да не купува од продавачи кои што немаат ниту една рецензија.

Трендот кој што се појави на Твитер, а во кој што корисниците поставуваат фотографии од тоа што го добиле на домашна адреса наместо „PlayStation“, го присилил eBay да стави предупредување за сите кои што имаат намера да ги измамат купувачите.
„Ќе преземеме драстични мерки доколку е потребно“, напишале тие.
„Купувачите на кои што не им било испорачано тоа што нарачале, ќе имаат право на поврат на целата сума пари, но сепак ги предупредуваме да внимаваат и тие“, додале.