Купил луксузно „Ferrari“, па успеал да го уништи по само 3 километри возење

Еден неименуван маж од Велика Британија ја понесе неславната титула на најголем баксуз на светот откако успеал да уништи целосно ново „Ferrari 488“, вредно повеќе од 300.000 долари, и тоа само што излегол од автосалонот.

По само 3 километри возење на црвениот луксузен спортски двосед, тој бил единствениот учесник во сообраќајната несреќа која се случила во англискиот град Дерби. Фотографијата на социјалните мрежи ја споделила полицијата од овој британски град.

Google search engine

„Дерби. Први април. Возачот купил „Ferrari“ изутринава и го удрил по возење помалку од 3 километри. Нема повредени“, пишува во објавата на сообраќајната полиција.

Претставник за медиумите од полицијата навел дека добиле повик од Итната служба нешто пред 11 часот. Во сударот учествувало само едно возило.

За среќа, освен оштетениот автомобил, во несреќата немало повредени. Како што се наведува, несреќниот маж по ваквата случка го одвел моќното „Ferrari“ на поправка.