Куп пари! Еве колку пари доби Кристијан Голубовиќ за учеството во Задруга

Кристијан Голубовиќ, познатиот белградски криминалец, беше дисквалификуван од реалното шоу Задруга. Тоа е сè уште е главна тема на скоро сите медиуми кај нашиот северен сосед.

Тој важеше за фаворит во шоуто, но не стигна до финалето поради насилството што го изврши пред камерите ноќта кога ја нападна Милјана Кулиќ, а потоа и членовите на обезбедувањето.

Google search engine

Како што обично бива со дисквалификуваните учесници во Задруга, тие по дисквалификацијата остануваат без надоместок поради такво дело и треба да му платат на продукцијата 50.000 евра.

Сепак, таков не е случајот со Кристијан. Тој однапред зеде 350.000 евра. После тоа, кога му истече првиот договор од шест месеци, тој го потпиша вториот, и, како што се шпекулира, тогаш тој се согласил и се договорил за нова сума.

Во официјалното соопштение за продукцијата не беше наведено (како што е обичај со другите) дека тој треба да плати казна, па сите се прашуваат што се случи со неговиот хонорар, кој требаше да му биде исплатен на рати.