Нусрет Гокче, секако најпознатиот угостител од Турција, познат како Salt Bae, ја изненади јавноста со својот нов хамбургер којшто всушност не е тоа.
Нусрет Гокче наишол на бројни осуди и неодобрување од компетентната јавност, откако на Инстаграм профилот ја претставил новата генерација на хамбургери во својот ресторан во Лондон.
Тој, на својствен начин претставил цел процес поврзан за настанувањето на новиот хамбургер.
View this post on Instagram
Покрај негативните коментари и згрозени угостителски експерти, тој повторно го добил тоа што го сакал – публицитет и вирално видео.
Во видеото можете да погледнете и сами и да процените дали станува збор за провокација или за навистина нова кулинарска сензација.
Меѓу разните коментари на Инстаграм видеото, имало и таков во кој е напишано дека ваквата верзија на хамбургер е – „апсолутно ѓубре“.
„Дали ова видео го има монтирано 10-годишник? Исто така целокупната идеја е апсолутно ѓубре“, пишувало во коментарот.