Ксенија од „Хурикејн“ е ќерка на многу познат пејач, но во какви релации е со нејзината несудена маќеа

„Ураганките“ успеаја да се пласираат во финалето на „Евровизија“ и не само тоа, туку Ксенија, Сања и Ивана имаа толку убедлив и впечатлив настап што предизвикаа да се вжешти атмосферата во Ротердам, а во салата одекна нивната песна „Локо, локо“.

Google search engine

Инаку, една од нив, пејачката Ксенија Кнежевиќ за оние што се уште не знаат е ќерка на популарниот пејач Ненад Кнежевиќ – Кнез, кој разбирливо, еуфорично и со воодушевување навиваше за неговата галеничка.

Но, покрај него, во голема мерка „Хурикејн“ и Ксенија ја поддржа и нејзината несудена маќеа, која испрати дури 20 пораки за бројот 9 под кои настапија девојките.

Откако објавија дека „Ураганките“ влегле во финалето, на својот Инстаграм профил таа и честиташе на нејзината поќерка и на нејзините колешки.

„Честитки,  одиме понатаму “ – напиша Татјана на својот Инстаграм профил и со тоа им покажа на сите дека има многу добра релација со Ксенија, ќерката на нејзиниот партнер.

Да потсетиме, „Хурикејн“ ќе се натпреваруваат со другите финалисти на „Евровизија“ во Ротердам на 22 мај. Девојките беа целосно доминантни на сцената во второто полуфинале, за што говори и фактот дека на официјалниот Твитер профил на Евровизија, нивниот настап има најмногу лајкови.

Фото: инстаграм принтскрин/ksenijaknezevic.star

ПретходнаАвстралиска мисица: „Јас сум социопат. Ги изневерував сите момчиња и немав грижа на совест, но тоа не е сè“
Следна„Короната речиси ме уби“: Селма Хајек за првпат јавно за суровата борбата за живот