Крвава тепачка во ресторан во Мајами поради Меси и Бекамови: Обезбедувањето брутално претепало гостин (Фото/Видео)

Лионел Меси и неговата сопруга уживаат во Мајами и често излегуваат во ноќни клубови од неговото преминување во редовите на Интер Мајами, а друштво често им прават и Викторија и Дејвид Бекам, кој е сопственик на овој МЛС клуб.

Очекувано, Меси и елитното друштво околу него секогаш привлекуваат дополнително внимание на љубопитните, па затоа имаат и големо обезбедување.

Google search engine

Како што пренесува „Daily Mail“, наводно поради тоа дошло и до крвава пресметка во ресторанот „Gekko“ во Мајами, токму кога ноќта Меси и сопругата Антонела излегле со Бекамови.

Обезбедувањето жестоко реагирало на гостинот кој се обидел да направи фотографија во локалот кој е во сопственост на порториканскиот рапер Бед Бани.

Мажот бил обвинет дека се обидел да го фотографира Меси и неговата сопруга, а обезбедувањето веднаш скокнало на него.

„Скокнаа на нас, ме исфрлија и ме удираа со боксови во лицето. Само затоа што мојот пријател се обиде да направи фотографија со својата сопруга, не со Бекамови или Меси, тоа беше семејна работа“, објаснил претепаниот маж.

На видеата кои ги објави „Daily Mail“ може да се види како една жена вика: „Тој е семеен човек, го прославува 21-от роденден на својата ќерка“.

Антонела и Меси се фотографирале, како и Антонела и Викторија Бекам со сопругата на Серхио Бускетс, а сè се случило непосредно пред да настане хаос и жестока тепачка. Исто така, Меси, Бекам, Бускетс и Алба се фотографирале заедно, а фотографиите подоцна биле објавени на Инстаграм и од Антонела и од Викторија.

Тепачката што избила малку им го расипала расположението, бидејќи Викторија била снимена како го напушта ресторанот и ја изведува 12-годишната ќерка Харпер надвор.