Овогодишниот пролетен распуст на Флорида ќе биде запаметен како еден од најлошите во последните неколку години во САД.
Полицијата во Мајами беше приморана да воведе полициски час поради масовното собирање на младите на плажите и улиците долж брегот. Секако, присутните воопшто не ги почитувале мерките воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Во текот на последните пет дена биле забележани три убиства, неколку силувања, десетина тепачки и уништување на јавен имот.

„Нашиот град стана буре барут. Се обидуваме да се избориме со ситуацијата. Се надеваме дека наскоро и другите градови ќе се отворат и ќе се намали бројот на луѓето кои доаѓаат во Мајами за да се забавуваат“, изјави Ден Грлбер, градоначалник на Мајами.
Полицијата уапсила две лица од Северна Каролина кои силувале една девојка, а која подоцна починала поради предозирање. Едно лице од Панама Сити било уапсено откако усмртил тинејџер од Кентаки, додека едно лице од Флорида настрадало откако под дејство на дрога и алкохол, скокнал од 23-ти кат на хотел, а падобранот не му се отворил.

Полицијата поради нарушување на јавниот ред и непочитување на полицискиот час уапси над илјада лица во последните пет дена.