Локалната зоолошка градина за рептили во Калифорнија добила голем број на фанови откако еден од крокодилите излегол од базенот за време на хранењето и станал ТикТок ѕвезда.
Страницата на зоолошката градина на социјалните мрежи станала вирална на почетокот на месецот, откако алигаторот Дарт бил снимен како излегува од својот базен за време на хранењето.
@thereptilezoo Well this wasn’t expected 😬 the questions is how does he get back in 😳 #alligator #animal #funny
♬ Comical and a little silly carefree music(831995) – Etsuo Kawasaki
На снимката се гледа како Џули Бревер, еден од сопствениците на зоолошката градина, приоѓа до аквариумот за да ги нахрани животните кои се нетрпеливи.
Еден од алигаторите одненадеж излегува од водата за прв да добие храна и ја фаќа металната шипка која Џули ја држи, додека таа се смее и не може да верува што се случува.