Кривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со албанско знаме

Против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи, поднесена е кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.

Пријавата против 44-годишниот функционер е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на Република Северна Македонија“.

Google search engine

Како што се наведува во официјалното соопштение на МВР, тој на 25 март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.

Притоа, воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Северна Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.