Кристина Димитри во брутален стајлинг ја „разгори“ сцената – проѕирен комбинезон, танга, очила за сонце…

Македонската пејачка Кристина Димитри на социјалната мрежа Инстаграм објавува фотографии од своите стајлинзи со кои јасно е дека ги поместува границите – кога станува збор за провокативното облекување на нејзините настапи.

Кристина која исто така е и манекенка, се вратила на своите настапи и тоа „на голема врата“. Таа викендов настапувала во Гостивар заедно со нејзиниот соработник диџеј Боно.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borjan Ilkovski (@dj.bono.mk)

Како и нејзините досегашни модни изданија кои ги пласираше на настапите, така и овојпат прекрасната пејачка била облечена во провокативен стајлинг.

Таа носела црн, проѕирен комбинезон, којшто бил надополнет со златен корсет, танга, ракавици, чизми и црни очила. Дел од коментарите на јавноста за ова издание на Димитри се дека таа наликува на српската пејачка Јелена Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Кристина претходно на социјалните мрежи најави дека ќе се врати на настапите во земјата, а воедно ја најави и новата песна која ја снимила во студиото на Дарко Димитров, а која е работена во соработка на Игор Џамбазов.