КРИСТИЈАН ГУБИ 160.000€! Голубовиќ во голем ФИНАНСИСКИ проблем по ДИСКВАЛИФИКАЦИЈАТА од Задругата

Кристијан Голубовиќ е во големи проблеми поради претепувањето на Урош Ќертиќ, дознава српски Курир. Со исфрлањето од „Задруга“ изгубил дури 160.000 евра. Како што веќе знае јавноста, Голубовиќ во реалното шоу се пофали со високата плата.

За учество во шестата сезона на реалното шоу на Пинк, според неофицијални информации, тој договорил хонорар од 80.000 евра, а половина од парите ги зел однапред. Тамошните медиуми пишуваа и за неговата венчавка со Кристина Спалевиќ, која била планирана да се одржи на величествениот имот во Шимановци, а за која Кристијан требало да добие бонус од договорената сума од дури 30.000 евра.

Google search engine

Kristijan Golubović, Uroš Ćertić, Emil Kamenov

Но, кога заедно со Емил Каменов, учесник од Бугарија, беше дисквалификуван од „Задруга“ затоа што со здружени сили го победија Урош Ќертиќ, проблемите на Кристијан почнаа да излегуваат на површина.

Од хонорарот што го земал однапред треба да врати 40.000 евра, а другата половина нема ни да ја добие. Со едноставна пресметка се доаѓа до сума од 110.000 евра, колку Голубовиќ е во негатива поради неговото насилно однесување, а според договорот ќе треба да плати и казна од 50.000 евра.

Kristijan Golubović, Uroš Ćertić, Emil Kamenov

Според извор близок до Голубовиќ, тој на сите начини се обидува да излезе од финансискиот балон и да се врати во „Задруга“, а како главна причина за таквата борба го наведува постоењето на неговата бремена свршеница.

– Откако беше избркан, Кристијан му се јавува на Жељко Митровиќ да се обиде да си ја поправи врската и да се врати во реалното шоу за да не мора да плати казна. Половина од хонорарот зел однапред, другата половина требало да му биде исплатена за време на престојот во реалното шоу, но сега се се искомплицирало. Според моменталната ситуација тој треба да врати дел од парите што ги зел и да плати дополнителни 50.000 евра поради дисквалификацијата. Се уште не знае што ќе се случи, се надева дека ќе го вратат во „Задруга“ – изјави за српски Курир.

Kristina Spalević