Кралот Чарлс стана хит поради начинот на кој ја поздравил премиерката Трас (Видео)

Кралот Чарлс Трети стана хит на социјалните мрежи откако во средата се состана со новата британска премиерка Лиз Трас во Бакингемската палата.

Снимката од нивната средба набрзо се прошири на Твитер, а многумина пишуваат дека им е смешен начинот на кој Чарлс ја поздравил премиерката.

Google search engine

Забележан е моментот во кој Трас му се поклонува на новиот крал пред да се ракува со него, а тој потоа ѝ вели: „Повторно си тука?“.

„Мило ми е што повторно ве гледам“, му одговорила Трас, а тој додал: „Ох Боже. Во секој случај…“.

На Твитер се појавија бројни коментари на сметка на кралот.

„Со задоволство би го финансирал кралското семејство за уште вакви содржини“, „Со ова Чарлс покажа каков стар фосил станал откако ја презеде улогата на крал“, „Ова е сè. Чарлс е веројатно шокиран од нередот кој го направила Трас. Ова видео го покажува тоа“, „Сигурна сум дека Лиз се прашувала што се случува кога дошла кај Чарлс“, се дел од коментарите.

Внимание привлекоа и фотографиите во палатата

Освен поздравот на Чарлс, внимание привлекоа и фотографиите во палатата. На масата покрај вратата биле изложени неколку фотографии помеѓу кои и онаа од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. Станува збор за службена фотографија која ја направил Алекси Лубомирски во дворецот Виндзор.

На фотографијата Меган и Хари позираат со кралицата Елизабета, принцот Филип, мајката на Меган – Дорија Рагланд, Чарлс и Камила, принцот Вилијам и принцезата Кејт и нивните деца. Кралот Чарлс исто така изложил фотографија на која се 4-те генерации на кралското семејство со наследниците на престолот: кралицата Елизабета, кралот Чарлс, принцот Вилијам и неговиот син Џорџ.