Кралот Чарлс повторно се посрамоти – поради еден детаљ на официјалното отворање на Евровизија, јавноста му се потсмева: „Имаше само една работа“

Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила ја открија сцената за овогодишната Евровизија која во мај ќе се одржи во Ливерпул.

Чарлс којшто ќе биде крунисан неколку денови пред Евровизија, се состанал со британската натпреварувачка Меј Малер, па учествувал во снимањето на делови од забавната детска емисија „Blue Peter“.

Google search engine

„Ќе го следиме натпреварувањето со големо интересирање, ќе ве бодриме“, ѝ рекол кралот на 25-годишната Малер.

 

Ливерпул ќе биде домаќин на натпреварот за песна на Евровизија наместо минатогодишните победници од Украина каде заради руската инвазија не може да се организира спектаклот.

Покрај одбројувањето, Чарлс и Камила ја откриле сцената со притискање на големото розово копче, кое активирало низа шарени светла на сцената со пулсирачки ритам.

Штом се појавило видеото, започнале потсмевањата. Имено, многумина воочиле дека Чарлс успеал да го промаши големото копче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

„Имаше само една работа“, „Колку тешко може да биде да се притисне копчето“, биле само дел од шегите на негова сметка. Инаку, по откривањето на сцената, фановите на Евровизија се пожалиле и на нејзината големина.

„Толку чекање, за ништо“, „Дали сцената можеше да биде помала?“, се пожалиле тие.

Наредниот месец и самата Велика Британија ќе биде сцена за големи прослави по повод официјалното крунисување на кралот во Вестминтерската опатија на 6 мај, потоа концерт во дворецот Виндзор.

Во февруари британската влада најави дека 3.000 карти за следење на Евровизија ќе ги остави на располагање на раселените Украинци. Натпреварувањето за избор за песна на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај.