Кралицата Елизабета Втора користи моќен мобилен телефон кој никој не може да го хакира, а на него разговара само со 2 личности

Кралицата Елизабета Втора има посебен мобилен телефон, а за полнењето на неговата батерија заслужен е нејзиниот личен асистент.

„Наводно кралицата само со две личности најмногу разговара на телефон, а очигледно е дека има мобилен кој е опремен со антихакерска енкрипција од страна на MI6, така што никој не може да го хакира нејзиниот телефон“, открил Џонатан Сакердоти, експерт за кралски прашања во поткастот „The Royally US“.

Google search engine

„Двете личности со кои најчесто е во контакт е нејзината ќерка, принцезата Ана и нејзиниот менаџер за коњски трки Џон Варен“, раскажал Џонатан.

Кралицата Елизабета Втора следната година треба да прослави 70 години откако е на тронот, а секако дека таа е најдолговечната британска кралица.

„Кралицата на сите им кажа дека во последно време се чувствува многу добро и дека многу се радува што ќе го дочека Божиќ“, раскажал извор за „Daily Mail“ минатата седмица.

Инаку, по хоспитализацијата во месец октомври, докторите ја советувале дека треба да одмора многу повеќе од претходно.