Крај на војната за 5 минути? Зеленски објаснил како Бајден може да го запре конфликтот меѓу Русија и Украина и зошто Киев тоа би го стопирал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за телевизијата „ABC News“, објаснил како тој смета дека американскиот претседател Џо Бајден можел да стави крај на војната меѓу Русија и Украина „за само пет минути“ и каква би била реакцијата на Киев на тоа.

„Доколку зборуваме за крај на војната на штета на Украина, односно така што би се откажале од нашите територии, па мислам дека Бајден на таков начин можеше да ја запре војната за само пет минути. Но, ние не би се согласиле на тоа“, изјавил Зеленски.

Google search engine

Во интервјуто кое „ABC News“ го објави на нивната страница (погледнете го ТУКА), Зеленски ова го спомнал во контекст на прашањето на новинарката за тврдењата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во повеќе наврати навел дека доколку победи на изборите во 2024 година по враќањето во Белата куќа би ја запрел војната во рок од 24 часа.

„Самата желба војната да заврши е прекрасна. Но, таа желба треба да биде заснована на некои реални животни искуства. А, делува дека Доналд Трамп веќе еднаш ги имаше тие 24 часа на располагање. Ние бевме во војна, не во војна во полн обем, но бевме во војна и колку што сфатив тој тогаш го имаше времето на располагање, но мора да имал некои други приоритети“, изјавил Зеленски, мислејќи на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.

„АBC News“ претходно објави дека Бајден вчера тргнал кон Европа каде денеска во Лондон ќе се состане со британскиот премиер Риши Сунак и кралот Чарлс Трети, по првпат од крунисувањето на новиот монарх на Обединетото Кралство.

Потоа Бајден во вторник и среда ќе присуствува на самитот на НАТО во литванската престолнина Вилнус за која „Routers“ наведува дека Алијансата ја претворила во тврдина воочи доаѓањето на лидерот на Северноатлантскиот сојуз.

Последната станица на Бајден од европската турнеја в четврток ќе биде Хелсинки, главниот град на Финска, најновата членка на НАТО.

Инаку, американскиот претседател бил снимен во текот на изминатиот викенд како ужива на сонце во градот Рехобот Бич во Делавер воочи почетокот на петдневната турнеја на Стариот континент.