„Короната речиси ме уби“: Селма Хајек за првпат јавно за суровата борбата за живот

Актерката Селма Хајек во поголемиот дел од минатата година го помина во заздравување од речиси фаталната битка со ковид-19, за која не сакаше да зборува до сега.

Таа откри дека за малку ќе ја загубела битката со коронавирусот и дека „лекарите ја молеле да оди во болница затоа што била во многу лоша состојба.

Google search engine

За време на интервјуто за Њујорк Тајмс, таа отворено зборуваше за тоа како се борела против вирусот на самиот почеток на пандемијата и дека била буквално на работ на животот и смртта.

Актерката изјави дека во првите денови од пандемијата на ковид-19, таа имала фатална форма на оваа болест и дека поминала седум недели во изолација и на кислород во нејзиниот дом.

„Мојот лекар ме молеше да одам во болница затоа што состојбата ми беше многу лоша, критична. Реков не, благодарам. Ако треба да умрам, ќе умрам дома. Лежев во кревет повеќе од седум недели и бев на кислород речиси цело време. Се борев за воздух секој ден. Закрепнувањето беше многу бавно, така што и денес не сум во целосна форма, а тоа најдобро го чувствував за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“. Бев многу уморена, но работам на тоа да бидам подобро. Овој ковид-19 ме уништи“, изјави 54-годишната Селма, која моментално живее во Лондон со нејзиниот сопруг Анри Пино и нивната тринаесетгодишна ќерка Валентина.

Таа во својот прв есеј за Њујорк Тајмс напиша и за малтретирањето на продуцентот Харви Вајнштајн, кој наводно од неа побарал сексуални услуги.

„Беше толку тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се осигурам дека сум борец и пред сè, да преживеам. Кога сето ова се случи со приказната за Харви, не знаев дека им се случило на многу други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец “, изјави актерката.