Дејв Смит (72) од Бристол, помина низ вистинска голгота во борбата со вирусот корона. Британецот беше болен 10 месеци и за тоа време беше тестиран 42 пати позитивен на присуство на вирусот, а мораше да биде хоспитализиран седум пати, од кои пет пати беше во критична состојба. Тоа го направи неславен апсолутен рекордер по должината на инфекцијата со вирусот корона.
Смит, кој штотуку закрепна од леукемија, се опорави дури откако доби коктел со антитела кои му помогнаа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се опорави, пишува британски Гардијан.
Како и илјадници Британци, Дејв Смит се зарази со вирусот корона на почетокот на првиот бран во 2020 година. Сепак, иако повеќето заразени луѓе, вклучително и оние кои страдаат од ефектите на продолжен ковидн, го елиминираа вирусот од нивните тела по неколку недели, Смит се соочи со инфекција која беше постојана и траеше 290 дена, или скоро 10 месеци. Тоа е најдолго забележана инфекција со новиот вирус корона досега.
Смит бил редовно тестиран во овој период и 42 пати неговиот ПЦР тест бил позитивен. Неговата состојба беше час подобра, час полоша, па дури мораше да биде примен во болница 7 пати. Тој беше во толку лоша состојба во пет наврати што неговата сопруга започна да се подготвува за погребот – за да на крај да и јават од болницата дека успеал да се спаси од најлошото.
Верувајте ми, кога бев болен – навистина бев болен. Бев на работ на смртта пет пати, вели тој.
Смит, инаку пензиониран инструктор за возење, на крајот се излечи со коктел со антитела што го прими и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Овој коктел, развиен од Регенерон, содржи две антитела кои се насочуваат кон протеинот во шлецот на корена вирусот преку кој короната се прикачува на клеточниот ѕид на човечките клетки, а потоа ги инфицира.
Тој третман не е официјално признат во Велика Британија, но лекарите решија да му го дадат овој котел бидејќи веќе немаа можност да му помагаат. Исто така, лекарите стравуваа дека може да се создаде нова варијанта на вирусот корона во внатрешноста на Смит – долгорочна инфекција, имено влијае на мутациите на вирусот, што беше потврдено со некои претходни случаи.
Ед Моран, консултант за заразни болести од Бристол, рече дека нема многу такви случаи, можеби само неколку. Некои од нив умираат во еден момент, додека во некои „болеста се смирува и се враќа“.
Кај некои од овие пациенти, вирусот мутира како што гледаме во новите варијанти. Од таа причина, не смееме да ги занемариме и мора да им обезбедиме соодветна терапија.
Повеќето луѓе кои имаат постојани инфекции претходно биле подложени на хемотерапија или имаат генетски дефект што го спречува нивното тело да создава доволно антитела.
Во 2019 година, Смит беше подложен на хемотерапија поради дијагностицирана леукемија. Тој беше прогласен за здрав, за да се разболи во март 2020 година.
Од таа причина, лекарите веруваат дека претходно ослабениот имунитет бил причина за таква долготрајна инфекција.
Откако доби коктел со антитела, Смит конечно доби негативен резултат на ПЦР тестот по 45 дена.
Тој и неговата сопруга тоа го прославија ова со отворање шише шампањ.
За него останаа некои последици. Сè уште не чуствувам мирис, а белите дробови ми се во многу лоша состојба откако бев на кислород.
Сепак, тој се обидува да биде оптимист. Тргнал да ја учи својата внука секој ден да вози и гледа да го искористи секој ден.
Никогаш нема да бидам 100 отсто како порано, но не ми е гајле. Секој ден што го добивате е бонус. Знаете, кога морате да лежите на земја, треба да гледате нагоре, кон ѕвездите.