На популарната платформа се шири нов напад наречен „Хакирање на Лили Колинс“ (актерката е ѕвезда на серијата „Емили во Париз“).
Профилите на жртвите се заклучуваат, нивните имиња и профилна фотографија се заменуваат со име и фотографија од познатата актерка, а во неколку случаи хакерите пристапиле и до банкарските сметки на луѓето.
Според многу извештаи на корисниците кои можат да се видат на интернет, Фејсбук бавно реагирал на обвиненијата за овој напад.

Стотици долари „во магла“
Одредени жртви веруваат дека се хакирани поради тоа што кликнале на лажен оглас за „ChatGPT“. Меѓутоа тие не знаат како профилите им се компромитирани.
Еден од нив е критичарот Рајан Џеј:
„Моето име беше сменето, а бројот од телефонот избришан од Фејсбук“, изјавил Џеј присетувајќи се на моментот кога сфатил дека е жртва на хакирање.
Тој ја презел контролата над профилот, но пред од сметка да му исчезнат неколку стотици долари.
„Поминаа околу пет дена од хакирањето и блокирањето на профилот, кога забележав наплата на извод од банка од речиси 300 долари за „Meta“ реклама на Фејсбук“, вели Џеј.
Жртвите оформиле група
Одредени жртви изгубиле пристап до контактите, фотографиите и други драги спомени.
Други, како креатори на содржини или сопственици на компании губат пари што подолго немаат пристап до профилот. Околу 1.500 луѓе се придружиле на Фејсбук групата за да го споделат своето искуство.
Има и такви кои биле принудени да отворат нови профили затоа што не биле сигурни дека Фејсбук ќе преземе нешто.
Секако, ова не е прв напад на оваа популарна мрежа, а сигурно нема да биде ниту последен. Баш поради тоа компанијата би можела да им олесни на корисниците и да им помогне да „закрепнат“ од сето тоа.