Kоосновачката на „Бионтек“: „Ковид-19 сигурно ќе остане меѓу нас уште неколку години“

Коосновачката на фармацевтската компанија „Бионтек“, Озлем Туречи, изјавила дека коронавирусот со сигурност ќе живее уште неколку години меѓу популацијата.

Тиречи во изјава за американски „CNBC“ нагласила дека светот сè уште се бори со коронавирусот и дека компанијата која заедно со „Фајзер“ ја разви вакцината против коронавирусот, будно ја следи ситуацијата кога станува збор за евентуалните нови соеви.

Google search engine

„Во овој момент, третата доза која провоцира дополнителен имунолошки одговор сама по себе делува заштитно за секоја постоечка варијанта на вирусот“, изјавила Туречи, пренесува „Daily Sabah“.

Исто така таа навела дека вакцината „Фајзер“ можеби во иднина нема да ја штити популацијата од новите соеви и дека сите компании мора да бидат подготвени за таква иднина за да се преземе брза и ефикасна мерка за заштита на популацијата.

„Коронавирусот почна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане меѓу нас уште неколку години“, навела таа.

Основачите на компанијата „Бионтек“, Угур Сахин и Озлем Туречи од самиот почеток се вклучени во развојот на вакцините против коронавирусот, а нивниот труд е препознаен кон крајот на март оваа година кога го добиле најголемото германско признание поради развој на вакцина против коронавирусот. Овие сопружници биле одликувани со Орден за заслуга.

Признанието им го врачи канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франк Валтер Штајнмајер во берлинската палата.

„Ви се заблагодарувам во име на државата на вашите достигнувања. Се надевам дека вашите идни истражувања ќе резултираат со лични достигнувања и достигнувања за сите нас. Вашата работа е наречена „чудо од вакцина“. Познати сте како импресивен пар, истражувачи, херои, па дури и како спасители на светот. Луѓето се обиделе на различни начини да ја одбележат вашата работа, но вакцината нема државјанство. Таа не е германска, ниту турска ниту американска“, порачал Штајнмајер.