Контроверзното интервју на Ѓоковиќ предизвика „војна“ во BBC

Британскиот „Times“ јавува дека во тамошниот јавен сервис „BBC“ дошло до сериозен раздор по интервјуто на Новак Ѓоковиќ.

Имено, Times пишува дека луѓето од врвот на угледната медиумска куќа влегле во клинч по интервјуто на Амол Раџан со Ѓоковиќ, во кое тенисерот објаснил што сè се случувало во кошмарните месец дена во текот и по мачниот престој во Австралија.

Google search engine

Наводно, причината поради која дошло до конфликт е „огромниот медиумски простор кој го добил тенисерот за промоција на своите антиваксерски ставови“.

„BBC“ го бранеше своето интервју со Новак Ѓоковиќ среде интерната расправа за тоа како моќната PR агенција ѝ овозможила ексклузивен пристап на тениската ѕвезда. Високопозиционираните луѓе на „BBC“ биле лути поради интервјуто на Амол Раџан со Ѓоковиќ, тврдејќи дека огромната медиумска платформа на корпорацијата се користи за зајакнување на антиваксерските ставови и пораки“, пишува „Times“.

Британскиот весник тврди дека критичарите на Новак од редовите на „BBC“ истакнале дека интервјуто „било наместено“ од страна на моќната PR агенција „Freud Communications“ која инаку е основана од Метју Фројд – внук на познатиот Зигмунд Фројд, сè со цел да се „испере имиџот на антиваксерот Ѓоковиќ“.

„Daily Mail“ наведува дека три извори го потврдиле контактирањето на агенцијата со „BBC“, нудејќи светска ексклузива. Од друга страна, постои приказната на инсајдерите дека сето тоа е лага и дека телевизијата уредно се пријавила за интервју со првиот тенисер на светот заедно со неколку останати светски медиуми.

„Times“ тврди дека „тас на вагата“ бил Ден Роун, уредник на спортската рубрика на „BBC“ кој лично разговарал со PR тимот на Новак, како и со луѓето од агенцијата „Freud Communications“, по што било одлучено телевизијата да добие ексклузива која на крајот ја одработил Амол Раџан, за кој тврдат дека „бил премногу мек кон својот пријател Новак“.

Претходна„Кучињата на војната“ од Косово заминаа да војуваат за Украина
СледнаДали поради украинската криза не чека драстичен скок на цената на нафтата?