Пејачката со албанско потекло, Дуа Липа ги фрапирала сите на премиерата на филмот „Барби“, бидејќи нејзиниот стајлинг бил и повеќе од провокативен!
Премиерата била одржана во врелиот Лос Анџелес, а Дуа Липа се одлучила да се појави малтене во долна облека – носела танга, која гордо ја покажала, свртувајќи им го грбот на папараците на црвениот тепих.



Градникот го изоставила за оваа прилика, па на сите им ги покажала голите гради, додека фустанот ѝ бил сиот од ситни синџири.
Сето тоа го искомбинирала со металик чевли, неупадлива шминка и пуштена, природна фризура.



Инаку, Дуа Липа е во врска со режисерот Роман Гаврас (41), кој е 14 години постар од неа, а нивното прво заедничко официјално појавување било на 76. Кански филмски фестивал.


Дуа Липа по потекло е од Косово и Метохија и секогаш го истакнувала своето потекло, а честопати мета на критики поради нејзините националистички испади.